ВИДЕО: Војна пред вратите на Украина, ранети 70 војници стигнуваат и тенкови

Жестоки борби, меѓу украинските и рпоруските сили, се во тек на истокот на Украина, „какви што до сега не се видени“, соопштуваат украинските воени извори.

Според информациите на кои се повикува „Ројтерс“, постојат непроверени информации дека двете страни во борбата вклучиле и тенкови.

Жестоките судири избиле рано утринава близу до градот Красни Лиман, кој е под контрола на украинската власт од почетокот на јуни, а проруските сили наводно се обиделе да го пробијат кордонот на владини трупи.

„Во тек е голема борба која во смисла на сила и размер надминува се што до сега е видено,“ изјави воен извор.

Според истиот извор, во судирот можно е да учевствуваат 4000 припадници на проруските сили.

„Антитерористичката оперција продолжува и борбите траат,“ потврди портпаролот на владата Владислав Селезњов.