(ВИДЕО) Вухан: Светот шокиран од забави каде ниту се носат маски, ниту се држи дистанца

Mинатиот викенд во кинескиот град Вухан имало забави.

Луѓето се забавувале без да носат маски и да одржуваат дистанца.

Илјадници Кинези учестувале на музички фестивал.

Вухан стана познат како град од каде почна да се шири епидемијата на коронавирусот.

Фотографиите и снимките кои се шират се направени во комплексот ,,Маја” во Вухан. Според Би-Би-Си, сликите и снимките од Вухан брзо се шират на социјалните медиуми, исто како што вирусот што започна од тој град продолжувајќи да се шири незапирливо во остатокот од светот.

Целосниот карантин во Вухан беше укинат во април, а од средината на мај во Вухан и кинеската провинција Хубеи, не се пријавени случаи на локално пренесување на коронавирусот.

Карантин беше воведен во Вухан на 23 јануари, откако од коронавирусот починаа 17 луѓе, а 400 беа заразени.

Градот од дури 11 милиони жители беше целосно отсечен од остатокот на земјата.

Затворен беше и сточниот пазар во градот. Научниците тврдат дека вирусот мутирал и од лилјаците се пренел на луѓето.