ВИДЕО| Вулканот на Канарите исфрла лава, пепел ја прекрива околината

(Photo by DESIREE MARTIN / AFP)

Вулканот Кумбре Виеха кој еруптираше на Ла Палма на Канарските острови во четвртокот сабајлето исфрлал лава во воздухот со гласни експлозии, додека отровниот пепел ја прекривал околината.

Петти ден со ред лавата која се слеваше низ падините на вулканот голташе куќи, училишта и плантажи со банани, иако побавно од петходните денови, наведуваат локалните власти.

„Сѐ што започна во неделата како нешто извонредно, нешто како убава глетка, следниот ден се претвори во трагедија. Имам многу пријатели таму, семејства кои загубија сѐ. Нашите срца се скршени“, вели за Reuters Ненси, сопственичка на златарница во Ла Палма.

Потоците од лава од неделата се движеа полека кон запад, спалувајќи сѐ што ќе им се најдеше на патот, вклучително и домови, училишта и плантажи со банани кои се најголемиот извозен производ на островот.

Лавата уништила близу 200 куќи и принуди илјадници луѓе на бегство. Поралот за недвижнини Idealista, проценува дека ваот досег уништил недвижнини во вредност од околу 87 милиони евра. Шпанските банкарски здруженија им ппонудија на луѓето кои ги загубиле своите домови празни недвижнини во сопственост на банките.

Локалните власти го предупредија населението внимателно да ги мијат производите и облеката за да избегнат вдишување на отровниот пепел. Се очекува дека облакот од сумпор-диоксид ќе се привдижи кон исток во четвртокот подоцна преку остатото од Канарскиот архипелаг, Пиринејскиот полуостров и Средоземјето.