(ВИДЕО) Заев го моли народот за поддршка а го прогласува за непријател

На граѓанскиот собир во рамките на кампањата за промена на уставното име на земјата во петокот вечерта во Демир Хисар премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, браше од граѓаните поддршка, односно обезбедувањет цензус на референдумот откако рече дека „до Бога верува во народот“ упати нова навредувачка и скандалозна порака до граѓаните на Република Македонија.

Секој што бојкотира за мене е противник на државата, изјави Заев на граѓански собир кој според него требало да ги промовира европските вредности.

Граѓаните прашуваат какви се тие европски вредности во кои премиерот го навредува и омаловажува сопствениот народ.

Делот со навредите е на 1:44 минута од видеото.