Вчерашниот ден за СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, заврши како онаа во народните приказни: „Да, одам, да не одам…? Море ќе одам, па што сак нека биде… Или сепак не? Не, не, никако… поарно ич да не одам“!, пишува Вистина.мк
Ете такво беше однесувањето на Заев, кој по принципот: „Тргни- врати се, тргни-попишмани се“, тргна по умот на неговите ментори, Милчин, Фрчковски, Геровски…, па наместо како голем аџија кој држи до зборот и парафот, заврши како„пишман-аџија“! Како оној во легендарната македонска народна приказна, кој знаеме како заврши – Се врати таму од каде што тргнал!
-А како тргнал и по чиј ум, по се изгледа така ќе заврши и „Зајко“ – таму од каде што почнал! Оти, како што вели прикаската:„Ако пишман си се родил-пишман и ќе умреш“! Во случајов, ќе „умреш“ политички!, пишува Вистина.
Во знак на вчерашниот ден и однесувањето на Зоран Заев и неговите „подучувувачи“ од соросовата приказна, ви нудиме едно мало потсетување на легендарната Македонска народна приказна „Пишман аџија“.
Погледнете ја народната поента од приказната, оти она што народот еднаш го констатирал и кажал, важи за навека!