Откако во четвртокот премиерот Зоран Заев за новинарите изјави дека не се сеќава кога дал изјава за финансирање на радикални груби од страна на руски бизнисмени во Македонија, во петокот се појави и видеото кое сведочи за неговата изјава.
Не знам за која изјава зборувате и кога сум изјавил, рече Заев вчера, додека истата ја има изјавено во јуни минатата година.
Знаете тие млади момчиња од Комитети кои нападнаа полицајци на исказ и разговор во полицијата говореа дека бизнисмени од Русија финансирале, давале пари и заради тоа тие се тука и немаат ништо против, изјави тогаш Заев.
Според ова се поставува прашањето дали Заев заборава или лаже?
Во четвертокот теелвизија Алфа објави дека Заев не се сеќава дека изјавил дека руски бизнисмени давале пари за насилство во Македонија. Благопријатната атмосфера на македонско-рускиот бизнис форум, најверојатно влијаеше премиерот да не може да се сети дека лани тврдеше оти руски бизнисмени со пари поттикнуваат насилства во Македонија.
Колку за потсетување, Премиерот, во интервју за еден од највлијателните американски портали BuzzFeed минатата година изјави дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство“ пред клучниот референдум.
Иста теза имаше по протестите пред Собрание откако Македонија го потпиша договорот со Грција во Нивици. Но, за разлика од тогаш, премиерот вчера имаше позитивна реторика и на форумoт истакна дека Русија е наша пријателска земја и ќе соработуваме со неа, но дека тоа нема да влијае на фокусот кон зачленувањето во НАТО и ЕУ.
Рускиот заменик-министер за индустриски и трговски развој, Алексеј Груздев, на форумот порача дека интензивирањето на македонско–руската соработка зависи од владата на Заев.
https://www.youtube.com/watch?v=U7AtZ8x8DSU