ВИДЕО| Западот го принудува Киев да војува, вели поранешен украински борец

Со големите пратки оружје изминатите години, Западот го принудива Киев да војува, вели за новинарите на руските медиуми Јуриј Закопец со прекарот „Калина“, поранешен припадник на паравоената формација „Добас“ составена од приврзаници на ултранационлистичките украински движење кој им се предал на проруските сепаратистички сили од источниот регион Луганск.

Закопец, како што тврдел, претходно бил одликуван со високото украинско признание орденот „За храброст“ од 3 степен и со орденот „Бранител на татковината, и своевремено имал обраќање на свеченото заседание во Врховната Рада (парламентот) по повод Денот на Уставот на Украина.

„Киев нема излез да престане да војува, него го принудуваат со вооружување и со пари. Ако престанаа да испорачуваат оружје и конкретно да започнаа да работат во другите сектори: социјалната заштита, помагање на граѓаните, Црвениот крст, Обединетите нации… Доколку работеа во насоката на мирот, тоа би бил вистинскиот чекор кон завршување на војната, но кога ќе натрупаат оружје… Како може да има прекин на војната, ако имат автомат во рацете“, рекол Закопец, кого го цитира агенцијата РИА:

Истовремено Закопец рекол пред новинарите дека повеќе од 50 украински офицери меѓу неговите пријатели и познаници загинале во текот на борбите во Украина започнати по руската инвазија на 24-ти февраури.

„Овааа лента (тетоважа на раката со куршуми) лентата е војна, војната се загубите. На секој патрон требаше да го има името на загинатиот друга. Ја започнав оваа тетоважа кога започна војната“, рекол Закопец покажувајќи ја тетоважата.

Според него, во моментов на боиштетот се испраќаат неуискусни мобилизирани борци порад недостиг од жива сила. Командниот кадар, додава Закопец, останува во заднината а главно необучените војници се испраќаат на линијата на фронтот. Покрај тоа, Закопец повторува дека наместо да испраќа хуманитарна и социјална помош, Западот ја турка Украина во војна со зголемувањето на испораките на оружје.

„Штабот е одзади. Така се случи малкумина од офицерскиот кадар да преживеат, и мене како офицер ме испратија, грубо кажано, со неускусни борци да помогнеме да се организира одбраната“, рекол украинскиот борец,

Закопец прецизирал дека во близина на Камишевахм, во областа на стратешкиот град Попасна во Луганск кој го заземаа проруските и руските сили пред десетина дена, каде што бил испратен, украинските единици биле составен галвно од неискусни борци, поради недостигот од луѓе. „Дури 70 до 75 отсто се луѓе коишто првпат држат автомат во рацете“, вели.