ВИДЕО| Западот со нова стратегија – сега гласно смеење за Лавров на Г-20 во Индија, објаснувајќи дека Русија сакала да ја запре војната во Украина

Присутните западни претставници во Индија гласно го исмејаа рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кога кажа дека се труделе да ја запрат војната во Украина.  Тој се соочи со потсмев.

Лавров во Делхи учествуваше на самит на Г-20, во чии рамки  првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина, накусо се сретна и со американскиот колега, Ентони Блинкен, како што тврди Вашингтон, но снимките покажуваат дека двајцата шефови на дипломатиите на минување размениле неколку реченици, како што објави Москва. Руското министерство за надворешни работи наведе дека Блинкен барал средба со Лавров што руската делегација го одбила и дека не станало збор за никакви преговори.

„Војната, која се обидовме да ја запреме, беше започната против нас користејќи ја Украина“, рече Лавров.

Министерот малку застана со зборувањето додека присутните се смееја, по што продолжи.

Станува збор за нова стратегија на припадниците на западните политичари, коишто претходно ги напуштаа просториите кога се обраќаа руските политичари, а сега решија со гласни реакции да ги девалвираат нивните изјави.

 

Фото: Твитер/принтскрин