ВИДЕО| Земјотресите во Иран усмртиле пет лица, стотина повредени

Најмалку пет лица загинале а уште стотина други се повредени во саботата во Иран по неколкуте потреси коишто речиси целосно разурнале село на југот на земјата, недалеку од Ормускиот теснец.

Трите земјотреси, од кои два биле со магнитуда 6,1 и 5,7, ја погодија покраината Ормозган и претвориле во урнатини повеќе од половина од селото Саџех Хош. Селото е 100 километри југозападно од пристаништето Бандар Анас, со околу половина милион жители, сместено на Ормускиот теснец.

„Пет лица загинаа, а 93 се повредени од кои седум се хоспитализирани“, се последните податоци кои за националната телевизија ги соопштил портпаролот на Националниот центар за итни состојба, Моџатаба Халеди.

Операциите на потрага и спасување се речиси завршени, објави иранската Црвена полумесечина.

Неколку станбени згради се урнале во Саџех Хош и селото, како и триесетина други во округот, се без електрична енергија.

Страдале и историски важни објекти, а меѓу нив и 50 древни мелници на островот Кешм, кои се оштетени во потресите, според портпаролот на покраинскиот центар за културно наследство.

Сместен на работ на неколку тектонски плочи, Иран е во зоната на силна сеизмичка активност. Во 2003 година земјотрес со магнитуда 6,6 делумно го уништи градот Бам на југоистокот на земјата, при што загинаа најмалку 31.000 луѓе. Во земјотресот со магнитуда од 7,4 кој во 1990 година го погоди северот на Иран, загинаа 40.000 луѓе.