ВИДЕО: Жозеф Дол изрази јавна поддршка за Груевски и Иванов

Претседателот на највлијателната политичка партија во ЕУ, Жозев Дол, во името на целата Европска народна партија застана со поддршка зад ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и поддршка за Ѓорге Иванов на овие избори.

„ВМРО-ДПМНЕ е почитуван и клучен партнер во политичкото семејство и Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов може да смета на поддршката на Европската Народна Партија“ вели Дол.

Тој е убеден дека Иванов ќе ја води државата во вториот мандат со истата мудрост и достоинство кои ги покажа во првиот мандат. Тој нагласува дека државата под водство на владата на Груевски ја либерализира економијата, се задржа дисциплината во јавните финансии и се надмина бурата предизвикана од глобалната финансиска криза и затоа македонската економија бележи брз раст.

Дол во своето обраќање изразува верба дека државата ќе ја заземе улогата на полноправна членка на ЕУ и дека заедно со премиерот Груевски ќе се залага тоа да биде реалност која ќе обезбеди подобра иднина на Македонците и дека најважниот чекор за ова е одлуката на 27 април. Тој е убеден дека со напорната работа и лидерството на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа на престјните избори.

Инаку, Жозеф Дол е претседател на Европската народна партија кој оваа функција ја превзема веднаш по починувањето на Вилфред Мартинс минатата година, a неговото место беше официјално потврдено на Конгресот на Европската народна партија кој се одржа март годинава во Даблин а на кој присуствуваше и Никола Груевски.

Европската народна партија со која раководи Дол е најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во ЕУ. Во неа се обединети партиите на  германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, а од оваа политичка структура доаќа и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.