Публиката во Париз уживаше во епска борба помеѓу Рафаел Надал и Александeр Зверев, три часа се играше извонреден тенис, но шоуто беше расипано кога Германецот доживеа незгодна повреда.
Александeр Зверев лошо го извитка скочниот зглоб на десната нога и го предаде мечот во вториот сет при резултат 6-6. Откако доби лекарска помош, со патерици се врати на теренот за да ги соопшти лошите вести и да се поздрави со публиката.
Рафаел Надал, кој го доби првиот сет по тај-брејк, се пласираше во ново финале на Ролан Гарос и ќе се бори за 22-риот гренслем трофеј во кариерата.
¡Esto no puede haber pasado! 😨
Zverev sale en silla de ruedas de la Phillipe Chatrier tras doblarse el tobillo… Sus gritos lo dicen todo 😔
Disfruta de #RolandGarros en los canales de @Eurosport_ES disponible en DAZNpic.twitter.com/68JnXHCyFO
— DAZN España (@DAZN_ES) June 3, 2022