ВИДЕОI Aвстралиски тенисер тешко претепан, го удираат додека лежи

Контроверзниот тенисер Бернард Томиќ беше претепан од две лица, а снимка од инцидентот се појави на социјалните мрежи. Двајца насилници го тепаат австралискиот тенисер, додека трето лице ги снима со телефон.

На видеото се слуша како маж му вели на Томиќ „стани куче“, пред неуспешно да се обиде да го крене на нозе.

Засега не е познато поради која причина бил нападнат тенисерот и со какви повреди се здобил, но случајот бил пријавен во полициска станица и наскоро се очекуваат повеќе детали.

Томиќ важеше за еден од најталентираните тенисери, но никогаш не го исполни целосниот потенцијал.

Австралискиот тенисер, чии корени се од Босна и Херцеговина, бидејќи неговиот татко Ивица е роден во селото Хусин кај Тузла, а неговата мајка Адиса во Брчко, во минатото предизвикуваше бројни скандали, но ретко кој можеше да очекува вакво нешто.

Томиќ моментално се наоѓа на 292. место на АТП-листата, а најдобар пласман во кариерата му е 17. место, во 2016 година. Во кариерата освои четири АТП турнири.