(ВИДЕОи ФОТО) Најмалку 40 мртви во Јапонија по разорниот тајфун

Операцијата за потрага и сапосување во Јапонија се отежнати во понеделникот поради големите и бројни поплави и одрони по налетота на еден од најсилните тајфуни последените децении, пренесуваат медиумите.

Тајфунот Хагибис ги погоди во текот на викендот централните делови на најголемиот јапонски остров Хоншу, вклучително и областа на главниот град Токио. Најмалку 40 лица загинале, 16 се водат како исчезнати, а повредени се најмалку 189 луѓе, објави јавната телевизија NHK.

„Штетата е направен на широко подрачје, а повеќе од 30.000 луѓе мора да бидат во приправна состојба за евакуација. Задачата ние е внимателно да пружиме поддршка на погодените“, рече премиерот Шинзо Абе на вонредниот состанок со своите министри.

Операцијата за спасување се отежнати дека 21 река го пробила својот насип, преку 140 го поплавило копното, а поради одроноте се затворени патиштата.

Во операциите за потрага и спасување во понеделникот се вклучени 110.000 полицајци, пожарникари, војници и припадници на крајбрежната стража, како и 100 хеликоптери, соопшти генералниот секретар на министерскиот кабинет, Јошиде Суга.

„Се очекуваат уште дождови во погодените подрачја. Водостоите на реките се високи, а земјиштетп во некои области е нестабилно“, предупреду Суга.

Во понеделникот рано утрото повеќе од 92.000 домови останале без електрична енергија и уште 136.000 се без водоснабдување, објави јапонското министерство за економија, трговија и индустрија.

Медиумите пишуваат за еден инцидент од неделата, кога спасувачите случајно испуштиле 77-годишна жена од височина од 40-ина метри додека ја префрлувале од поплавено подрачје во хеликптер во северозападен Иваки. Подоцна починала во болница.