ВИДЕО и ФОТО| Најмалку пет мртви и 40 повредени по влетувањето на автомобил во толпа во САД

Најмалку пет лица загинале а уште 40 други се повредени во неделата попладнето кога автомобило се залетал во масата на Божикната парада во градот Вукеша во американската сојузна држава Висконсин, обајви полицијата во понеделникот.

„Во овој момент можеме да потврдиме дека пет лица загинаа а повеќе од 40 се повредени. Сепак, овие бројки би можело да се променат кога ќе ги собереме дополнителни информации“, објави полицијата на Ваукеша на Twitter, град на 32 километри северозападно од Милвоки.

Началникот на градската полиција, Ден Томпсон, изјави дека лицето коешто управувало со возилото е уапсенио. Властите објавија дека итната служба пренесла 12 деца и 11 возрасни во болниците, а одреден број повредени во болниците биле префрлени од семејствата и пријателите.

Настанот беше пренесува во живо на Facebook, а снимките покажуваат како црвен џип со голема бризна се движи по улицата затворена поради парадата и ги прогонува учесниците во поворката. На друга снимка од местото на настанот се наведува дека црвен теренец минува низ раскрсницата и низ дрвените бариери, како и дека се слушаат истрели од страна на полицијата. Самиот момент на инцидентот не е забележан на видео снимката.

„Додека минувавме низ градот видовме како теренец минува, го стисна гасот и со полна брзина се залета во парадата. Потоа слушнавме силен тресок и заглушувачки врисоци на луѓе кои беа удрени од возилото“, го цитира порталот Milwaukee Journal Sentinel Анџелито Тенорио, еден од очевидците.