ВИДЕОI Триесет години кариера во 30 секунди на неодоливата Моника Белучи

Моника Белучи важи за една од најубавите актерки, а долгогодишната кариера ја започна како модел, по што се прослави како актерка.

Освен убавиот изглед и неодоливиот шарм, таа ја краси и ‘ne sais quoi’, ‘она нешто’, бидејќи изгледа дека нејзиниот изглед и енергија ги привлекува сите.

Кариерата ја започна како модел за познатите брендови Долче и Габана и Диор. После тоа, таа се прослави со глумење во филмови, прво во италијански, потоа во француски и американски филмови.

Своето филмско деби го имаше пред нешто повеќе од 30 години во италијанската комедија „Francesca Laudadija La Riffa“ (1991). Иако се менуваше, тоа секогаш го правеше со стил, а не е чудно што ја краси безвременска убавина и свесност за важноста на негата.

Следната година, таа ја играше невестата на Дракула во готската хорор романса на Френсис Форд Копола, Дракула на Брам Стокер. За нејзината главна улога во „L’Appartement“ ја доби наградата Цезар за најнадежна актерка. Таа ја играше Малена Скордија во познатата италијанска романтична драма Малена од Џузепе Торнаторе. Таа глумеше во контроверзниот уметнички психолошки трилер „Gaspar Noé’s Irreversible“, кој премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал.
Во 2004 година, таа ја играше Марија Магдалена во библиската драма на Мел Гибсон „Страдањата на Христос“, а ја играше и Персефона во научно-фантастичните филмови „The Matrix Reloaded and The Matrix Revolutions“ од 2003 година.

Следеа успешни улоги, а на педесет години го постигна она што на никој пред неа на таа возраст не му успеа – стана Бонд девојка. На 51-годишна возраст, појавувањето во филмот за Џејмс Бонд „Spectre“ од 2015 година ја направи најстарата Бонд девојка во историјата на франшизата.

Оттогаш, таа глуми во филмови како „The Whistleblower“ (2010), „The Wonders“ (2014), „On the Milky Road“ (2016), „The Best Years of a Life“ (2019), „The Man Who Sold His Skin“ (2020) и „Memory“ (2022).