Жоао Феликс пристигна во Лондон за да потпише договор со Челси, пренесуваат англиските медиуми.
Португалскиот фудбалер најпрво ќе оди на лекарски преглед и доколку се биде во ред би требало да потпише договор за позајмица до крајот на сезоната.
Челси и Атлетико, со кои Феликс има договор до јуни 2026 година, постигнаа договор за позајмица до крајот на актуелната сезона. Тоа значи дека клубот од Стемфорд Бриџ ќе ја преземе исплатата на платата која изнесува меѓу пет и шест милиони евра, како и дека на Атлетико ќе треба да му плати 11 милиони евра за позајмица.
Манчестер Јунајтед најпрвин сакаше да го донесе на позајмица, но тој не сакаше да плати толку пари за тоа, па се откажа.
Жоао Феликс е најскапото засилување во историјата на мадридскиот клуб, кој за неговиот трансфер од Бенфика во летото 2019 година плати 120 милиони евра.
https://twitter.com/eurofootcom/status/1612762910702305280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1612762910702305280%7Ctwgr%5E1a8cc5a44ca2bfb5c9a8cf00b31aacb42613920b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fvideo-zhoao-feliks-pristigna-na-lekarski-pregledi-vo-chelsi%2F