Видеоконференција на лидерите на Г20 во четврток поради коронавирусот

Челниците на дваесетте најголеми економии во светот (Г20), критизирани поради бавните реакции на глобналната криза, ќе одржат во четврток видеоконференција за пандемијата на коронавирусот, откриваат повеќе извори за агенцијата Reuters.

Министрите за финансии на земјите од групата Г20 и претседателите на централните банки се договриле во понеделникот на видоеконференција за носење „акциски план“ за пандемијата. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува дека кризата со коронавирусот ќе предизвика глобална рецесија.

Вонредниот самит на лидерите ќе го компликува и војната за цените на нафтата меѓу Саудиска Арабија и Русија, како и растечките тензии меѓу САД и Кина околу изворот на коронавирусот со кој се заразени до вторникот речиси 380.000 луѓе ширум светот, а починаа повеќе од 16.500 луѓе.

Извршната директорка на ММФ, Кристалнина Георгиева, ги поздрави фискалните и монетарните мерки кои ги преземаа некои земји, но вели дека тоа не е доволно.

Агате Демарес од компанијата „Economist Intelligence Unit’ вели дека имајќи ги предвид ограничувањата на монетарната политика, членките на групата Г20 растот може да го поттикнат единството со фискални поттикнувања, но и оти и тоа е проблематично.

„Така е поради тоа што воведувањето на мерките за фискално поттикнување може да го зголемат ризикот од должничка криза по завршувањето на пандемијата на коронавирусот, таквата перспектива би имала разорен ефект врз глобалниот раст. Тоа е нешто што лидерит на Г20 ќе го имаат на ум, доколку се решат за пакети за поттикнувања“, вели Демарес.