![133545241 режим](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133545241-5.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради тоа што денеска и утре ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“.
Прекопите ќе се изведуваат пред втората капија на фабриката „ОХИС“ и кај семафорот во населбата Пинтија, од 8 до 16 часот.
Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.