Викендов на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потег од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“, сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.
Времениот режим се воспоставува поради тоа што ќе се изведуваат градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.