Викендов зајакната сообраќајна контрола во Скопје и Битола

За време на викендот спроведена е зајакната сообраќајна контрола, при што сообраќајната полиција санкционирала 349 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци.

Кај 60 возачи е утврдено дека возеле под дејство на алкохол, потоа 34 лица управувале возила со измината регистрација, без возачка дозвола управувале 31 возач, кај седум лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 20 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, а 14 возачи  управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Изречени се четири прекршоци за некористење на сигурносен појас, 10 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 19 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 74 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се два прекршока, еден прекршок за непрописно престигнување, утврдена е техничка неисправност кај две возила и со пајак службата подигнати се вкупно 83 возила.

Освен во Скопје акциска контрола во текот на викендот беше спроведена и во Битола при што вкупно беа контролирани 242 возачи.

Кај 175 возачи извршени се  алкотестирања од кои утврдено е присуство на алкохол кај 20 возачи. Вкупно 20 возачи се исклучени од сообраќај, додека пак на 18 возачи им е одземена возачката дозвола. Издадени се вкупно 20 платни налози и 16 мерки по останати прекршоци.

МВР ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намали бројот на сообраќајните незгоди.