Се бара истрага по објавата на Викиликс дека САД ја прислушувала јапонската влада

Јапонија бара истрага по објавата на Викиликс дека САД ја прислушувала нејзината влада

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе од американскиот потпретседател Џозеф Бајден  побара отворање истрага за наводното шпионирање високи претставници на јапонската влада и корпорации, откако минатата недела на сајтот Викиликс излегоа такви информации.

Доколку е вистина дека јапонските државјани биле цел на прислушкувања, тоа може  да ја разниша довербата во нашиот сојуз и јас ќе мора да ја изразам нашата сериозна загриженост, му порачал Абе на Бајден во телефонски разговор, портпаролот на кабинетот на премиерот, Јошихида Суга.

Доколку е вистина инфрмацијата за шпионажа, тоа може  да ја разниша довербата во нашиот сојузј, му порачал Абе на Бајден
Доколку е вистина инфрмацијата за шпионажа, тоа може да ја разниша довербата во нашиот сојузј, му порачал Абе на Бајден

Сајтот Викиликс минатата недела објави листа од 35 јапонски официјални владини и корпорациски претставници кои биле цел на шпионирање од американската Национална безбедносна агенција, а меѓу нив има и претставници на министарставата во владата на Абе, како и оделението за гас во корпорацијата „Мицубиши“ и за нафта во компанијата „Митсуи“, наведуваат британските медиуми.

САД ги шпионирале јапонските политичари, функционери и компании вклучително и „Мицубиши“, се наведува во документот што денеска го објави Викиликс.

Според објавениот документ на Викиликс, Американската Национална безбедносна агенција НСА шпоионирала најмалку 35 „мети“, меѓу кои компании, владини функционери, министри и поголем број советници на актуелниот премиер Шинѕо Абе.

Четири строго доверливи извештаи на НСА се објавени на интернет-страницата на Викиликс. Извештаите откриваат интерни разговори во Јапонија за меѓународната трговија и политиката за климатските промени.

На еден од извештаите има белешка која укажува дека извештајот е доставен до Австралија, Велика Британија и Нов Зеланд.

САД ја прислушувале целата германска Влада

Специјално одделeние на американската Агенција за национална безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ги прислушувало телефонските разговори на германската Влада. За тоа сведочи новиот документ, објавен од организацијата Викиликс, информира ТАСС, повикувајќи се на германскиот дневен весник „Зиддојче цајтунг“.

Именувањето на одделението  – Специјална служба за собирање – во протоколите на агенцијата фигурира од 2011 година, а во нив се даваат информации за прислушуван телефонски разговор меѓу шефот на одделот за прашањата на Европската унија во Владата, Николаус Маер-Ландрут, и еден советник на тогашниот француски претседател Никола Саркози.

Германските медиуми во средата, повикувајќи се на податоци одВикиликс, информираа дека НСА долго време го прислушувала не само телефонот на канцеларката Ангела Меркел, туку и на серија министри и други високо позиционирани функционери на германската Влада.

Американскиот амбасадор во Германија, Џон Емерсон, веднаш по оваа информација бил повикан на разговор во Владата.