Викиликс вети награда за информации од администрацијата на Обама

викиликс

Предупредување до систем администраторите: Не дозволувајте Белата куќа повторно да ја уништи историјата на САД! Копирајте документи уште сега и испратете ги на Викиликс, кога ќе посакате!, објави Викиликс на својот налог на Твитер.

Нудиме награда од 20 илјади долари за секоја информација, која ќе помогне да биде уапсен или регистриран секој службеник од администрацијата на Обама, кој уништил важни досиеја, наведе сајтот.

Истовремено, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во интервју повтори дека Русија не стои зад скандалот со мејловите на кандидатката на демократите на претседателските избори Хилари Клинтон.

Асанж даде интервју за американската телевизија „Фокс“ во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се крие од 2012 година.

Тој повторно одби да го именува изворот, кој на Викиликс му ги предал документите, украдени од електронските поштенски кутии на Џон Подеста, раководител на кампањата на Клинтон, вклучувајќи три нејзини предавања, платени од банката „Голдман Сакс“, кои фрлаат светлина за нејзините врски со Волстрит.

Клинтон  за истекувањето на тие документи ја обвини руската Влада.

Изворот не е руската Влада, демантираше пред Фокс, Џулијан Асанж.

Според него „невозможно е да се каже“ дали објавувањето на тие мејлови му помогнале на Доналд Трамп да победи на изборите.

Но и доколку е така, изборите беа разнишани од „вистинските изјави“ на Клинтон и на луѓето од нејзиното опкружување, какви што имаше во тие мејлови, рече таа.

Точно пред Конвенцијата на демократите во јули, Викиликс објави околу 20 илјади внатрешни мејлови на партијата, кои откриваа дека нејзините лидери ја фаворизирале Клинтон за време на прелиминарните избори. Тоа беше причина Дона Брејзел, која беше прв човек на Националниот комитет на Демократската партија да поднесе оставка.