Фудбалерите на Вилјареал се последните патници во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во одложениот мел од 6-то коло на Групата Ф, откако во Бергамо ја совладаа Аталанта со 3:2.
На гостите од Шпанија им беше доволен и бод за минување во нокаут-фазата, но остварија победа иако за малку ќе испуштија три гола предност.
На Аталанта само победа ѝ вредеше за минување на групната фаза, но гостите ја шокира веќе во 3 минута, откако „Жолтата подморница“ освои топка на средината од теренот, а брзата контра ја реализираше Арно Данжума. Ремо Фреулер за малку ќе израмнеше во 16 минута, но гостинскиот голман Рули одлично одбрани. Во 42 минута Вилјареал го удвои водството преку убавиот погодок на Етјен Капуе.
Кога во 51 минута Данжума го постигна својот втор погодок на мечот се чинеше дека гостите мирно ќе го приведат кон крај мечот. Но Руслан Малиновски во 71 минута намали на 1:3, а потоа во 79 минута Дуван Запата заостанувањето го сведе на само еден гол. Аталанта во 85 минута можеше да израмни и потоа да оди на победа, но Муриел ја погоди стативата и повеќе немаше промена на резултатот.
Во вториот дуел од оваа група во средата Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ одигра 1:1 против Јанг Бојс и го потврди првото место во групата, Јунејтед поведе во 9 минута со прекрасниот гол на Мејсон Гринвуд, а израмно Фабиен Ридер во 42 минута.
Манчестер Јунајтед е прв во групата со 11 бодови, Вилјареал е втор со 10 а Аталанта остана на 6 бодови и се сели во Лига Европа, додека Јанг Бојс останаа на 5 бодови.