Виљареал го суспендираше Семедо поради обвинение за обид за убиство

Шпанскиот фудбалски прволигаш Виљареал го суспендираше својот ек Рубен Семедо , дек откако тој беше обвинет за обид за убиство и за грабнување.

„Иако ја почитуваме пресумпцијата на невиност, одлучивме да го суспендираме Семедо сѐ додека овој случај не биде решен. Ужаснати сме од злосторства за коишто е обвинет“, објави Виљареал.

Во четвртокот судот во Лирија, близу Валенсија, на 23-годишниот Семедо му одреди притвор без можност да плати кауција и да се брани од слобода, поради тежината на обвинувањата кои го товарат.

Покрај обидот за убиство и грабнување, поранешниот португалски репрезентативец до 21 година е обвинет за напад и за нелегално поседување. Семедо ги негира сите обвинувања.

Семедо одигра пет пати откако му се приклучи на Виљареал за 14 милиони евра од Спортинг Лисабон во текот на летниот преоден рок.