![fran skriba](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/fran-skriba.jpg?resize=629%2C356&ssl=1)
Шпанскиот фудбалски прволигаш Виљареал му врачи отказ на тренерот Фран Ескриба, по само шест одиграни првенствени кола, а најмногу за тоа придонесе неделниот тежок пораз од 0.4 на гостувањето кај Хетафе.
„Одлучивме да го раскинеме договорот со тренерот Фран Ескриба, а името на новиот тренер ќе го објавиме во текот на следните неколку часа“, објавија од Виљареал.
Ескриба го водеше Виљареал од август 2016 година, а по освојувањето на петтото место мината сезона, во мај годинава го продолжи договорот.
Во првите шест кола од шпанското првенство Виљареал оствари две победи, едно реми и три пораза, и во моментов се наоѓа на 14-то место од Примера, што не ги задоволува амбициите на сопственциите и навивачите.