Вилроа: ЕЦБ треба да ги помогне владите за справување со инфлацијата, проблем со субвенциите

Европските влади мораат постепено да ја укинат помошта на граѓаните и компаниите на удар на високите цени на енергијата за да ѝ овозможат на Европската централна банка (ЕЦБ) во борбата со инфлацијата, изјави францускиот гувернер Франсоа Вилруа де Гало.

„Не може да се очекува од Европската централна банка самата да ја заузди инфлацијата“, изјави Вилроа, член на управниот одбор на централната монетарната институција на еврозоната.

Според него, дел од работите мора да ги одработат и владите.

„Фискалната политика треба да се прилагоди и консолидира, а во прв ред треба да се укинат субвенциите за енергијата, за што вчера со право се заложи Европската комисија“, порача Вилреоа од финансиската конференција во Париз.

Европската комисија им препорача во средата на сите влади на земјите членки на Европската унија до крајот на годинава да ги укинат сите мерки кои го ублажуваат ударот од високите цени на енергијата врз стопанствата и домаќинствата за следната година јавните финансии бидат под контрола и усогласени со предложените нови фискални прописи.