Србинот Новак Ѓоковиќ, вториот носител на Вимблдон, се пласираше во осминафиналето на Грен-слем турнирот во Лондон, откако во третото коло го победи Австралиецот Алексеј Попирин со 4-6, 6-3, 6-4, 7-6. (3).
Како и во второто коло против британскиот Фернли, Ѓоковиќ, седумкратниот победник на Вимблдон, загуби еден сет но победата сепак не беше доведена во прашање. Попирин се закани во текот на четвртиот сет, но сепак попушти во тај-брејкот.
Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Данецот Холгер Руне кој направи голем пресврт и го совлада Французинот Квентин Халис, само 220. играч на светот, иако губеше со 0-2 во сетови. Руне победи со 1-6, 6-7(4), 6-4, 7-6(4), 6-1.
Руне опасно „висеше“ во тај-брејкот од четвртиот сет додека Халис водеше со 4-3, но данскиот тенисер возврати со четири поени во низа, по што лесно го доби петтиот сет со само еден загубен гем.
Русинот Данил Медведев стигна до победа во мечот против Германецот Јан-Ленард Штруф, кого го победи со 6-1, 6-3, 4-6, 7-6(3). Русинот во осминафиналето ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.
Импресивен беше настапот на Казахстанката Еелена Рибакина во третото коло. Победничката на Вимблдон од 2022 година загуби само еден гем во мечот против Данката Каролин Вознијацки, победи со 6-0, 6-1 и сега ја чека натпревар против Русинката Ана Калинскаја.