Фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вриц, стана во саботата најмладиот стрелец во историјата на германската Бундеслига, постигнувајќи го последниот погодок за својата екипа во подомашниот пораз од Баерн Минхен со (2:4).
Седумнаесетгодишниот Вирц влезе во вториот дел, а една минута пред крајот на дуелот го совлада Мануел Ноер и влезе во историјата на германското првенство.
Офанзивниот играч од средниот ред годинава дојде од Келн, и со 17 години и 34 дена го собори рекордот на Нури Сахин, кој во 2005 година за Борусија Дормунд постигна погодок кога имаше 17 години и 82 дена.