Вишиот суд во Белград ја одби жалбата на опозицијата

„Како што истакна претседателот Зоран Лукиќ, Градската изборна комисија се прогласи за ненадлежна во однос на приговорот што го доби од таа Коалиција, која побара поништување на парламентарните избори на сите избирачки места, а приговорот го префрли во надлежност на Републичка изборна комисија“, соопшти ГИК, јавија белградските медиуми.

Против таквата одлука на Градската изборна комисија беше поднесена жалба, која Вишиот суд во Белград ја отфрли како неоснована.