Витинг: Мораме да ги заштитиме возачите во секоја ситуација

Зачестија несреќите на авто мото трките

Поранешниот Ф1 возач Џастин Вилсон, кој оваа сезона се натпреваруваше во Индикар серијата, доживеа несреќа на патеката Поконо во Пенсилванија.

Поради тешки повреди на главата со кои се здоби откако при несреќата беше удрен од залутан предмет, тој во понеделникот почина в болница, што беше кулминација на несреќите кои се случија на авто мото трките изминатиов период, а во која се вбројува и смртта на Жил Бјанки, кој почина по осуммесечна кома.

Од Формула 1 велат дека иницијативата за засилени контроли е почната одамна, но доби на интензитет по смртта на Бјанки и особено сега, по несреќата со Вилсон.

Бјанки и Вилсон се последните во серијата жртви на авто мото арените
Бјанки и Вилсон се последните во серијата жртви на авто мото арените

Мораме да ги заштитиме возачите во секоја ситуација. Ако има напредок по новата иницијатива, ќе биде одлично. Ако не, ќе продолжиме да бараме решенија, изјави директорот на Формула 1, Чарли Витинг.

Една од идеите кои ги разгледува Формула 1 е позицијата на главите на возачите да биде малку подолу од сегашната со цел да не бидат изложени на директни удари од залутани предмети.