Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.052 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 72 нови пациенти и вкупно 692 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 123 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 103 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 145 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 18 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 36, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.744 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 72 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 692 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни. Не биле примени пациенти на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 72 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19 вирусот, а на ГАК има 6 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.
Вкупно 692 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.