Вкупно 280.000 граѓани ќе добијат платежна картичка на 6.000 денари

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во неделата го презентираше четвртиот пакет економски мерки, и порача дека втората мерка се платежните картички за 280.000 граѓани, а се однесува на пензионери, невработени, студенти…

„Платежните картички се со износ од 6.000 денари и ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наш сограѓанин пензионери, невработени кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмските работници, културните работници, естрадни работници“, посочи Заев.

Додаде дека платежните картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички.

„Поддршка за студентски и ученички стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици“, посочи Заев.

Порача дека помош ќе добијат и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија и се со приходи помали од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

Оваа мерка опфаќа над 280.000 граѓани, а нејзината вкупна вредност изнесува 27,6 милиони евра.