Вкупно 3.028 медицински лица се вакцинирани, пријавени 120.000 граѓани

Од Министерството за здравство информираа дека вакцина против ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.028 здравствени работници.

– Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија – велат од МЗ.

За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72.800 граѓани, а 47.569 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.