Вкупно 92.253 граѓани примиле вакцина и ревакцина досега, вчера околу девет илјади

Со последните бројки, 25 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани, објави Министерството за здравство.

Во средата се вакцинирани 9.123 граѓани, од кои со прва доза 7.963 граѓани.

Според податоците на Министерството, во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани.

Според Националниот план за вакцинација, во моментов вакцинацијата се спроведува кај возрасни лица, граѓани кои се пријавиле на веб страницата vakcinacija.mk, како и вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.