Основниот Кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни за примање и давање поткуп тројцата професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во врска со предметот „Еразмус“. На Бобек Шуклев и Славе Ристевски судот им изрече вкупно осум години казна затвор, додека Драган Денковски доби условна казна затвор.
Нивната професија како професори судот ја земал предвид како отежителна околност, додека како олеснителни биле возраста, семејство и тоа што досега се неосудувани.
На професорот Бобек Шуклев како отежителна околност беше земено и тоа што навлегол во интимната сфера на една од оштетените.
Професорите добија и забрана за вршење професија во траење од пет години, а времето поминато во затвор се смета во времето во кое трае забраната.
При објавата на пресудата судијката Јанчулева Михаиловска посочи дека изнесените докази имаат доволен доказен капацитет за донесување на осудителна осуда.
Првичната пресуда за овој случај беше изречена во 2020 година, за во 2021 апелација да го врати предметот на повторно судење.
Во случајот беше товарен и професорот Стојан Дебарлиев, за кого, Кривичниот суд во 2020 година пресуди дека не е виновен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Предметот беше отворен во јуни 2016 година. Процесор го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.