Вкупно во Сирија и Турција над 3.600 загинати во земјотресот

Според најновите податоци од понеделникот доцна вечерта, повеќе од 3.600 загинале во земјотресот кој ноќта кон понеделникот го погоди југоистокот на Турција и четири провинции во соседна Сирија во силниот потрес со магнитуда од 7,8 неколку часа по кој се случи и кобниот со магнитуда 7,4 а операциите на спасување и покрај многу студеното време нема да бидат прекинат и претстојната ноќ.

Во Сирија има речиси 1.300 загинати, соопштија и спасувачките екипи, кои порано од официјалните власти ги објавуваат податоците.

„Во провинциите Алепо, Латакија, Хама и Тартус загинаа 656 лица, а 1.419 се повредени. Овие податоци не се конечни“, соопшти половина част порано сириското министерство за здравство

„Во моментов обновените податоци покажуваат дека има загинати 2.316, а повредени се 13.293 лица. Бројот на уништените објекти е 6.217’, изјави за локалната телевизија, генералниот директорот на секторот за земјотреси и намалување на ризиците при турската Агенција за управување со вонредни состојби (AFAD), Орхан Татар.

Според турските власти, од првиот потрес во регионот се регистрирани 147 последователни потреси, од кои десетина со магнитуди меѓу 6 и 7, а најчесто со моќност меѓу 4 и 5. Според сеизмолозите смирувањето на почвата ќе трае можеби и повеќе од еден месец во кој може да се очекуваат и посилни афтершокови.

Бројот на жртвите постојано расте, бидејќи илјадници луѓе се затрупани под урнатините на зградите. Дождот и снегот кои на некои места се обилни и најавениот пад на температурите во текот на ноќта дополнително ги отежнуваат напорите на спасителите. Во таквите услови, Светската здравствена организација (СЗО – WHO) соопшти дека очекува дека конечната бројка на жртвите ќе биде значително поголема.

Првиот удар со магнитуда 7,8 е регистриран во 4,17 часот по локално време, 2,17 по македонско, во округот Пазарчик, во југоисточната покраина Кахраманмараш, околу 60 километри воздушна линија од сириската граница. Следеа десетици послаби потреси, а во 13,24 по локално односно 11,24 часот по македонско време се случи уште еден потрес со магнитуда 7,4, повторно на југоистокот на Турција, 4 километри југоисточно од градот Екинозу.

Од потресот силни оштетувања и бројни жртви има и во соседните сириски провинции Алепо, Латакија, Хама и Тартус.