Вкусно грне со месо и полнети печени јаболка се готват денеска во Нетпрес

За неделниот ручек ние ви предлагаме да подготвите селско месо во грне и превкусни печени јаболки наполенти со ореви и суво грозје.

Потребно:

1 кг свинска пушена коленица

500 гр маринирани печурки

3 страка праз

5 суви црвени пиперки

3 моркови

5 ловорови листови

1 лажица мешан сув зачин

200 мл бело вино

Сол и бибер

Масло за јадење

Подготовка:

Месото се двои од коската и се сече на коцки. Празот се сецка и заедно со исецканиот морков се пржи на загреано масло. Од како ќе се испржи се додаваат исецканите суви пиперки, месото и печурките и целата смеса се динста околу 15 минути. Целата смеса се истура во земјено грне или огноотпорен сад ,се зачинува со зачин, сол и  бибер , па се налева со виното и се става на печење околу 30-40 минути. Се служи со туршија и домашно вино за вистинска недела гозба.

Одличен десерт за студените денови.

jabolki

Потребно:

4 јаболка

2 лажици шеќер

1 лажичка цимет

2 лажици мелени ореви

1 лажица суво грозје

сок од еден лимон и лимонова кора

мед

маргарин

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Измијте ги јаболката, излупете ги и исчистете им ја внатрешноста од семки. Во мал сад, измешајте ги шеќерот, циметот, лимоновиот сок, лимоновата кора,  мелените ореви и сувото грозје.  Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на јаболката.

Полијте ги јаболката со малку мед и на секое јаболко од горе ставете една мала коцка маргарин. Во тавче за печење, ставете зовриена вода и внимателно ставете ги јаболката, колку да ги покрие до половина. Печете околу 30 минути сè додека јаболката не станат меки. Пред служење можете да декорирате со шлаг и цимет.