
Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи на 809 земјоделци, информираат денес од Министерството за финансии.
Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи

Владата исплати 35 милиони денари субвенции по повеќе основи. Земјоделците ги добија своите пари за произведено и продадено млеко, за обработлива земјоделска површина за полјоделски култури, за одржување постоечки лозови насади, производство на домати, пиперки и краставици под контролирани услови како и за одгледување говеда.
- За произведено и продадено млеко исплатени се 12,8 милиони денари субвенции на 478 сточари, при што висината на субвенцијата изнесува 3,5 денари по литар.
- Дополнителни 9,8 милиони денари или 9.000 денари по хектар субвенции се исплатени на 256 земјоделци за обработлива земјоделска површина за полјоделски култури.
- За одржување постоечки лозови насади Владата исплати 6,6 милиони денари на 63 лозари. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар.
- Исплатени се и 4,7 милиони денари за производство на домати, пиперки и краставици под контролирани услови, при што висината на субвенцијата изнесува 90 илјади денари по хектар.
- По 2.800 денари од грло, или еден милион денари исплатени се и субвенции за одгледување говеда.