Владата дава пари за тим билдинг, ама ги заборави учениците кои немаат компјутери

Во четвртиот пакет мерки за поддршка на економијата и справување на населението со последиците од корона кризата Владата издвои средства за тим билдинг, но не издвои средства за компјутери потребни за настава иако се знае дека околу 40 илјади ученици немаат можност за онлајн настава бидејќи немаат компјутери или таблети со потребните спецификации.
На презентација на четвртиот пакет економски мерки за поддршка за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, премиерот Зоран Заев како 27 мерка ја најави мерката за поддршка за развој на човечкиот капитал. Во оваа мерка е предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на докфалификација и тим билдинг.

„Укинување на данокот на личен доход за трошоците до одедена вредност кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци за подобрување на кавалитетот на работната сила со која располагаат компаниите и кој ќе започне со имплемнентација од 01 јануари 2021 година‘‘, вели Заев.

Над 40 илјади деца во државата нема да можат да следат онлајн настава бидејќи немаат компјутер со потребните спецификации. Министерството за образование и наука претходно ги информираше родителите какви спецификации треба да имаат компјутерите со кои учениците би ја следеле наставата, кои воедно ќе ги оптовари родителите за дополнителни близу 20 илјади денари од семејниот буџет за обезбедување на соодветен компјутер.

Минималната конфигурација на комјутерот треба да биде минимум со процесор i3 на минимум 1.6 GHz или еквивалентен AMD процесор. Минимум 4 GB RAM меморија, видео уред USB 2.0 видео камера или стандардна лаптоп камера како и звучници и микрофон. За еден ваков комјутер цените се од 15 до 20 илјади денари што е дополнителен терет на семејниот буџет, а помош за нив во четвртиот пакет мерки од Владата нема.