Владата е без стратегија а нов бран на Covid-19 дополнително би влијаел на лошата екононска состојба, предупреди Трајанов

Владата треба серозно да ја разгледа ситуацијата со вакцинацијата, бидејќи нов бран на Covid-19 наесен сериозно би влијаел на и онака лошата економската сосотојба во државата, предупреди во средата на собраниската седница  пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов.

„Во светот и Европа сериозно се разгледуваат статии за појава нов бран КОВИД -19 наесен. Ососбено од делта сојот што сериозно може да влијае на економијата во целина. Тоа претставува сериозен проблем и за Македонија како зависна држава од светската економија. Ја потенцирате кризата ковид-19 и тука мораме да спомнеме некои факти. Вакцинацијата со втора доза е извршена само кај 7 проценти, некаде 300 илјади граѓани а една доза имаат примено 500 илјади граѓани односно 25 проценти од населението“, истакна Трајанов.

Додаде и дека државата мора посериозно да пристапи со вакцинацијата, бидејќи нов бран наесен би блијаел дополнително на и така лошата економска сосотојба во државата.

„Системот на Владата за пријавување има пријавено 495 илјади граѓани, што значи дека моделот на пријавување на граѓаните ги дал очекуваните резултати ,меѓутоа тука како да достигнал определен лимит па сериозно треба да размисли министерството за здравство и особено Владата затоа што дигитализацијата е само помошна алатка да им ги поедностави работите на граѓаните. Не секогаш дигитализацијата може да ги даде очекуваните резуултати, особено на места каде што лууѓето немаат познавање од компјутери немаат компјутери или имаат слаба пристапност до целката таа дигитализација. Мораме како држава посериозно да пристапиме кон оваа работа со вакцинацијата затоа што следува лош период наесен ако тоа не се заврши добро“, заклучи Трајанов.