Македонската Влада денеска од 10 до 17 часот ги отвори вратите за сите љубопитни граѓани кои одблиску сакаа да се запознаат со секојдневната работа и спроведување на владините политики.
Во Владата на Република Македонија денеска се одржува манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“, во чии рамки граѓаните ќе имаат можност да ја посетат Владата и непосредно да се запознаат со работата, начинот на функционирање, спроведување на владините политики, како и со организација на нејзината работа.
Во рамките на обиколката на зградата ќе бидат опфатени и Салата за билатерални средби, Кабинетите на Потпретседателите на Владата, Генералниот секретаријат и Дебатната сала.
Пријавувањето за оваа посета траеше до средата.