Владата ќе постави црвен тепих за граѓаните

Од Владата информираат дека во петок, од 10 до 17 часот граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со работата, начинот на функционирање, спроведувањето на владините политики, како и со целокупната организација на работата преку присуство на седница на владина комисија.

Во рамките на обиколката на домот на извршната власт граѓаните ќе ги посетат Салата за билатерални средби, Кабинетите на потпретседателите на Владата, Генералниот секретаријат и Дебатната сала.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат во петок да бидат гости во Влада мора уредно да се пријават на телефонските броеви 02 3118-782 и 02 3131-365 до среда.