Власта манипулира со помошта која ја исплаќаше преку таканаречените антикризни мерки кон граѓаните и стопанството, не 850, туку само 350 милиони евра завршија кај граѓаните и стопанството. Индикатор за недоволната помош се и 60.000 луѓе останати без работа, и 6.200 затворени фирми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Со СДСМ над половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден. Заев ја задолжува државата, а народот живее во сиромаштија не а никаков развој. СДСМ постојано го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека ја презадолжува државата а притоа долгот беше околу 45 % од БДП. Денес долгот е 62,5 %. Од 2006 до 2016 зголемувањето на јавниот долг е за 2,9 милијарди, но во исто време додадената вредност било 4,2 милијарди раст на БДП. Во време на владеење на СДСМ имаме зголемување на долгот за 2,5 милијарди, а растот на БДП од 1,8 милијарди односно имаме минус. СДСМ рапидно се задолжува и ја доведува под знак прашалник и ликвидноста на државата, тоа е базична неспособност и раскалашеност, велат од партијата.