Владата на Албанија го демантира Харадинај, на Самитот за мини Шенген, Косово е покането на највисоко ниво

Канцеларијата за односи со јавноста на албанската Влада попладнево рагираше на изјавата на косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, кој рече дека Косово не е покането на „мини Шенген” Самитот, што ќе се одржи во Тирана.

Албанската Влада ја отфрли изјавата и соопшти дека Косово е покането на највисоко ниво преку поканата упатена до претседателот Хашим Тачи. Се додава дека поканата е упатена идентично како и за средбата во Охрид.

-Во врска со изјавата на премиерот на Косово во заминување, објаснуваме дека со оглед на формата на регионалните состаноци и фактот дека нова влада,во Косово, се уште не е формирана, Косово е покането на највисоко ниво, исто како и на состанокот во Охрид, преку покана до Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, објаснуваат од Владата.

Премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, изјави денеска дека Косово не е покането за следната средба за балканскиот „мини-Шенген“ што ќе се одржи во Албанија.

-Јас нема да присуствувам на средбата. Не сме добиле никаква покана, изјави Рамуш Харадинај пред новинарите.

На овој настан потврдено е учеството на македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.