Владата на Хондурас по вторпат ја продолжи вонредната состојба за борба против криминалот

Владата на Хондурас по вторпат ја продолжи вонредната состојба прогласена во име на борбата против криминалните банди.

Мерката, што стапи на сила на 6 декември како дел од стратегијата на левичарскиот претседател Ксиомара Кастро за борба против криминалот, суспендираше некои уставни права и им дозволи на безбедносните сили да приведат луѓе за кои веруваат дека се поврзани со криминални активности или дека извршиле злосторства.

Вонредната состојба е продолжена за 45 дена. Дополнително, беше проширен и територијалниот опфат на мерката, и отсега ќе важи во вкупно 123 општини. Првично, таа беше во сила само во двата најголеми града на Хондурас.

„Суспендирањето на правата ги опфати и општините каде што, според аналитичарите, криминалните банди мигрирале за да избегаат од полицијата и државата“, рече началникот на полицијата Густаво Санчез на прес-конференција.

Помеѓу 6 декември и 20 февруари имало 356 убиства помалку отколку во истиот период пред една година, нагласи Санчез.