Генералната проба која се покажа неуспешна заврши. Владата предводена од СДСМ не само што се прецени, туку и го потцени целиот наставен кадар, сите родители, па и сите ученици. Не уверуваа дека за еден месец можат да направат нешто што не може да се реализира, истакна на денешнат прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
На самиот старт на учебната година, согласно Сојузот на средношколци над 80 илјади ученици немаат основни услови за следење онлајн настава. Нивното барање за воведување на комбиниран модел на образование, не е дозволено од Министерството за образование и наука. Учениците со право стравуваат дека учебната годината може да биде изгубена.
Не може да биде оправдување што министерот е сменет. Владата, па и најголем дел од министрите се исти, само со сменети ресори. Ако Владата мислеше барем малку образованието, со ова темпо ќе работеше цело минато полугодие. Но, за нив одржувањето на изборите и водењето институционална кампања беше приоритет.
За да се презентира нормален почеток на учебната година наставниците и учениците се насочени кон употреба на „Microsoft Teams“ мрежата, затоа што Националната платформа е комплетно нефункционална.
Македонското образование се соочува со бројни инфраструктури проблеми, слаб квалитет според меѓународните тестирања, несоодветни образовни програми и недоволна мобилност. Ние решенија понудивме во нашата програма, се однесуваат на интегриран електронски систем во образованието, кариерен центар за наставниците со цел градење на капацитетите, воведување на квалитетни наставни програми и многу други проекти.
Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? Дали се обврзувате да воведете модерна настава со дидактички средства и опрема или со неуспешни платформи?
Потребно е да ги препознаете базичните морални и етички вредности, па потоа да се направи избор и начин на соочување со предизвиците. За на крај, доколку не успеете, да поднесете оставка.