Владата предводена од СДСМ нема остварено јасни и видливи реформски активност, поради немањето капацитет за спроведување на суштинските реформи, оцени во средата во текот на гостувањето во „Утрински брифинг“, Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Муцунски притоа посоли дека, во крајна линија, тоа најмногу го чувствуваат граѓаните. Особено кога станува збор за правосудните реформи во државата, односно дали има правна предвидливост.
„Оваа влада немаше капацитет за реформи. И земајќи ја во предвид таа нова рамка која што се гради во методологијата со кластерите, со исто така утврдување на неколку приоритетни аспекти кои што се битни, дури и надвор од рамката на кластерите, а сметаме дека се потребни многу подлабоки и покоренити реформи“, истакна Муцунски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја следи работата на Владата, при што ќе даде сериозен фокус и примат на програмата која што ќе дојде за претстојните парламентарни избори кога и да се случат.
„Според гледиштата на НАТО, ние во 2008 година сме биле подготвени за членство во НАТО. А, веќе во 2009-тата година сме имале доволно постигнати реформи за отпочнување на преговори“, потсети Муцунски.
Образложи дека од таа гледна точка Македонија во 2009 година не условено туку беше подготвена за отпочнување на преговори.
„За жал, Владата на СДСМ и ДУИ немаше капацитет да спроведе реформи“, истакна Муцунски.