Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на емисија „Само интервју“ каде што појасни дека Владата сé што преложи ВМРО-ДПМНЕ како мерка одбива. Вели тоа веќе не е политика, тука веќе се работи за суета.
Секој предлог којшто ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог непријател. И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да му помогнат на реалниот сектор.