![photo-27](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/photo-27.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Жените претприемачи денеска на празникот 8 март беа почестени со повикот за субвенционирање, а Владата бара начин како да ги мотивира иселениците да инвестираат во Македонија. На заинтересираните инвеститори на располагање им стојат средствата предвидени со Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите. Според министерот за економија, Крешник Бектеши се планира и дополнителна мотивација која, како модалитет, би се вметнала или во предлогот на законот или во Планот за економски раст.
– Работиме на тоа, како да се реализира поддршката и за граѓаните кои работат надвор од
земјава. Сакаме да ги мотивираме да се вратат во Македонија и тука да отворат бизниси. Апелирам Собранието што поскоро да го донесе законот за поддршка на инвестициите откако во вторник ќе ја помине владината процедура. Законот може да се донесе со 61 глас, но ги повикувам сите 120 пратеници да го поддржат- нагласи Бектеши по средбата со членките на Стопанската комора на северозападна Македонија
(СКСЗМ).
Тој додаде дека буџетот на Министерството за економија е над 36 милиони денари од кои повеќето
се алоцирани во Фондот за иновации со цел поддршка на фирмите.
Стопанствениците ги поздравиja владините мерки за поддршка и оценија дека се планирани
доволно средства ако нивната распределба е правилна и соодветна, а процесот транспарентен.
– Поддршката на малите и средните претпријатија е во интерес на економијата. Но, клучно е
законите за оваа категорија фирми и процедурите да бидат едноставно применливи, да се
овозможи полесно аплицирање за средствата зашто малите фирми немаат капацитет, ниту
искуство во барање поддршка за развој, претседателот на СКСЗМ Неби Хоџаистакна Хоџа.