Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на буџетот за 2021 година по скратена постапка ќе бидат разгледани на редовната 19. седница на Владата најавена за вечер во 18 часот преку видеоконференциска интернет комункација.
Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард.
На седницата Владата ќе ја разгледа и Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на овластените службени лица во шумската полиција.
За заклучоците и одлуките од седницата, Владата ќе информира преку соопштение.